Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руската државна РИА Новости пласирала дип-фејк фотографии дека Дизни Флорида е под вода после ураганот Милтон

На 10 октомври, руската државна новинска агенција РИА Новости објавила во својот Телеграмски канал три слики од наводно поплавениот забавен парк Волт Дизни Ворлд во Орландо, Флорида, тврдејќи дека тие ги покажуваат ефектите од ураганот Милтон, пишува Гласот на Америка.

На една фотографија е прикажано езеро со темна мирна вода пред иконскиот замок на Пепелашка во паркот. Две други слики покажаа дека улиците на паркот се исто така потопени во вода. Сите три слики се чинеше дека се направени во текот на ноќта со запалени светла внатре во зградите и на улиците.

Бројни руски новински куќи ги објавија сликите со привлечни наслови. Руската радио станица Business FM објави: „Ураганот Милтон го поплави Дизни Ворлд во Флорида. Луѓето одат до колена во вода“.

Тоа е лажно, пишува Гласот на Америка.

Сликите се лажни, најверојатно генерирани со вештачка интелигенција, бидејќи проверката на нивните својства открива очигледна дигитална промена на основните елементи, вклучувајќи лажен автофокус, лажна позадина и други индикатори.

Волт Дизни Ворлд во Орландо, Флорида, во изјавата на 10 октомври рече дека паркот „ја преброди бурата“ и дека е повторно отворен за посетителите на 11 октомври. Од забавниот парк не пријавиле дека е поплавено или оштетено од Милтон.

Зачлени се на нашиот е-билтен