Хрватите цела недела ќе го бојкотираат „Конзум“

Фото: Ax2groin at English Wikipedia, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Во Хрватска денес започна еднонеделен бојкот на трговскиот синџир „Конзум“, откако граѓаните веќе три последователни недели, секој петок, ги бојкотираат продавниците во знак на незадоволство од цените.

Организатор на протестот е потрошувачката платформа „Ало, инспекторе“, која преку анкета побара од граѓаните да одлучат кој маркет прв ќе биде бојкотиран на подолг период. Според резултатите, изборот падна на „Конзум“, кој сега ќе биде предмет на еднонеделен бојкот.

Како што јави Хрватската национална телевизија (ХРТ), вчерашниот бојкот беше со помал интензитет во споредба со претходните петочни акции. Според податоците на Даночната управа, иако бојкотот се одржа трет последователен петок, потрошувачите вчера пазареле повеќе отколку во претходните протестни денови.

Зачлени се на нашиот е-билтен