Венко Филипче кој вчера ја официјализираше својата кандидатура за претседател на СДСМ вели дека централна тема во неговата кампања ќе биде односот на раководството кон членовите и начинот на кој ќе комуницира партијата со членовит. Тој потенцира дека неговата програма е производ на барањата на членовите со кои имал стотици средби за време на кампањата.
„Мојата идеја и план, мојата визија што ја имам преточено во програмата што ја доставив и која е целосно компатибилна со барањата, сугестиите и забелешките на нашите членови што ги слушнав за време на кампањата за парламентарните избори. Еден систем што сметам дека треба да се имплементира во партијата, а тоа значи на секој да му се даде важност, должна почит, внимание, да биде сослушан бидејќи секој од нашите членови има идеја и секоја идеја е за почит и треба да биде инкорпорирана“ – вели Филипче. Филипче: Да му се даде важност и должна почит на секој наш член.