Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Во духот на Делчев, треба да ги надминеме разликите за националните интереси

Македонија денеска го чествуваше 153-годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер и апостол на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев. Денеска бројни делегации положија букети свежи цвеќиња врз вечното почивалиште кое се наоѓа во дворот на црквата Св. Спас, во Скопје.

Делегацијата на СДСМ, беше предводена од партискиот лидер, Венко Филипче, кој порача дека идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна!

„Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес. Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност, поради тоа што имале една цел, а тоа било слободна држава. Ние денес треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите, кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската Унија, Македонија“, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен