Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Галетановски: Скопје е мултиетнички дом на сите граѓани, време е да се обединиме

Тој е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ, напишам тогаш претседателот на партијата Венко Филипче откако Ѓорѓи Галетановски, екс директорот на скопката Зоолошка градина минатата недела ја прифати позицијата претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје.

Галетановски успеа да ја воздигне Зоолошката градина, таа стана атрактивна за најмладите и го постигна рекордот во посетеност, а под негово раководство оваа установа доби статус на кандидат за член на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) – статус кој го загуби по неговото заминување.

Сега пред себе има нов политички предизвик и голема желба да ги смените нештата, особено за Скопје, но и за институциите, вели дека е време вистинските луѓе да бидат на вистински позиции во општеството.

– Оваа позиција ја прифатив бидејќи знам дека сум им потребен на другарите и на Скопје. Најпрво на партиските другари кои како и јас во минатото не се согласуваа со дел од одлуките на минатите раководства, а сепак со поддршка од новиот претседател Венко Филипче мислам дека доаѓа време на обединување на скопското крило. А сите добро знаеме дека скопското крило е најсилно кога е најтешко. Видовме во минатото највеќе во времето на отпорот како и за време на „шарената револуција. Во изминатиот период поради различни причини видовме дека не казнија на изборите, токму како што и вети Филипче дека во иднина никој нема да биде потценет и навреден, бидејќи сега имаме шанса за обединување., вели Галетановски во разговор за Рацин.мк.

Тој додава дека не е човек кој би седел во канцеларија и би ги слушал само позитивните работи, најзаначајното за еден лидер е да биде меѓу народот, меѓу граѓаните..

– Програма на СДСМ за Скопје ќе биде постојано делување на терен каде што е најпотребно, решавање на проблемите со загадениот воздух, ѓубрето, ќе се организираат најразлични акции за чистење, реорганизација на јавниот превоз, ќе се помага на социјални семејства, а најголем фокус ќе ставиме на младите. Без младите нема иднина и моја цел е да создадеме услови Скопје да биде можност и прва опција за живот на секој млад човек. Но не во Вакво Скопје. Нашето Скопје моментално е претворено во хаос и депонија. Немаме време за чекање и немаме простор за уште една грешка. Знаете како велат „ прв пат е грешка втор пат е избор“, вели тој.

Галетановски додава дека на локалните избори кои ќе се одржат следната година граѓаните треба вистински да размислат кому ќе му ја дадат довербата за оптшинските градоначалници, особено за градот Скопје.

-Скопјани според мене треба да одберат човек за сите кој наместо со нереални проекти, градските проблеми ќе ги решава колку што може побрзо, без изговори, кој уште првата година да се посвети да му ја врати душата на градот. Токму затоа стартувам со создавање на тим од луѓе кои ги знаат проблемите на градот и кои се стручни и докажани теренски работници во повеќе професии. Нивна обврска ќе биде креирање на позитивни градски политики. Градската организација СДСМ мора да биде коректив на негативните политики за градот и креатор на позитивни и нови политики што ќе го направат Скопје европска претстолнина, додава Галетановски.

На прашањето дали планира да се надидира за градоначалник, вели дека се уште е рано за да се размислува за тоа, бидејќи во моментот во партијата па и во градската организација се фокусирани на зајакнување на капацитетите, реформирање на партиските тела и обединување.

-За да се кандидирам за градоначалник би се одлучил доколку ја имам поддршката од сите граѓани и од матичната партија. Но без разлика кој и да е кандидат како што реков овој пат Скопје нема време за партиски поделби на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или пак на Македонси и Албанци, бидејќи овој град е мултиетнички дом на сите и сите дишиме најзагаден воздух во Европа, вели Галетановски.

    Разговараше: Соња Танеска

    Зачлени се на нашиот е-билтен