Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гаши: На 14 ноември Предлог буџетот ќе се најде пред пратениците

Комисиската расправа за Предлог-Буџетот за 2025 година во Собранието ќе почне на 14 ноември, а пленарната седница за негово носење се очекува да биде закажана во втората недела од декември, вели претседателот на Собранието Африм Гаши. 

-Предлог-Буџетот за 2025 година е донесен на 5 ноември. Неколку дена ќе остане во Собрание за разгледување. Комисиската расправа ќе почне на 14 ноември и трае до 30 ноември. Значи по новиот Деловник, веќе е утврден крајот на ноември односно 30 ноември како последен датум кога треба да заврши комисиската расправа. Потоа се носи предлогот до Влада, очекуваме Владата да го дополни предлогот и во втората недела од месец декември треба да биде свикана пленарната седница, која трае пет дена и се надеваме дека во рамки а тие четири – пет дена ќе биде донесен буџетот за 2025 година, изјави Гаши во интервју за МИА.  

До крајот на овој месец Собранието ќе одржи три седници, вклучувајќи ја и седницата за пратенички прашања на 28 ноември, како и комисиската и амадманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен