Паралелно со конференцијата, за попладневните часови беше закажан и протест против Договорот од Преспа пред Конзерваториумот во центарот на Атина, каде што и ќе се одржи, меѓутоа, од грчката полиција соопштија дека се забранува конкретниот собир, како и кој било друг протест во поширокиот дел во периодот од шест часот утрово до шест часот наутро в среда.
-Горенаведената забрана е изречена, бидејќи претставува сериозна опасност за јавната безбедност, додека постои сериозна закана за нарушување на социо-економскиот живот во конкретното подрачје, на сообраќајот на возила и пешаци, функционирањето на инфраструктурата и комуналната објекти на местото каде што се одржува, соопштија од полицијата.
Протестот го организираат т.н. Светска конфедерација на панмакедонски здруженија, барајќи да се поништи Договорот од Преспа и да порачаат дека „Македонија е една и е грчка“.