Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина американскиот војник кој се самозапали пред израелската Амбасада во Вашингтон

Почина припадникот на американските воздухопловни сили, кој се самозапали пред Израелската амбасада во Вашингтон.

Полицијата го идентификуваше мажот како Арон Бушнел (25) од Сан Антонио, Тексас.

Службениците на американската тајна служба го изгаснале пламенот пред војникот да биде пренесен во болница со сериозни повреди и во критична состојба.

Во видеото емитувано во живо на платормата Твич, човекот се идентификувал и рекол дека е активен член на воздухопловните сили. Пред да се самозапали, тој рекол дека „повеќе нема да биде соучесник во геноцид“ и додека горел викал „Ослободете ја Палестина“.

Зачлени се на нашиот е-билтен