Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Скриншот од оперативниот план со наведени лица одговорни за ширење лажни вести
Скриншот од оперативниот план со наведени лица одговорни за ширење лажни вести

„Голем скандал е на повидок. Се потврдува дека лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, се истакнува во соопштението на СДСМ по откриениот оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ за пласирање лажни вести.

Во соопштението се вели дека станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.

Од СДСМ посочуваат дека „документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува“.

Според документите приложени со соопштението, планот „предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта“.

„ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали. Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ“, се нагласува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека „пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски и дека ништо не се менува во ДПМНЕ.

„За овој скандал мора да има одговорност“, порачуваат во соопштението од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен