Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Скопско лето“: Претстава „Хајди“, концерт на хорски солисти и фотоизложба

На програмата на „Скопско лето“ вечер ќе има три настани – претставата за деца „Хајди“ на Театарот за деца и младинци, концерт на Националната опера и балет и фотоизложба во Младинскиот културен центар.

Претставата „Хајди“ ќе биде изведена од 19 часот во Театарот за деца и младинци и е наменета за деца над шест години. Работена е според романот на Јохана Шпири, во режија на Драгана Гунин и драматизација на Драгана Лукан-Николоски. 

Во претставата учествуваат Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ-Бошков и Изабела Новотни. Музиката е на Ади Имери, костимограф е Елена Вангеловска, сценограф – Кирил Василев. 

Од 20.30 часот пред Националната опера и балет ќе се одржи концерт на хорски солисти на Националната опера и балет, со учество на Денис Димовски, Билјана Бајевска, Катерина Весковска, Марија Наумовска, Виктор Битовски, Никола Чедомировски, Мила Николовска и Надежда Рубен, во придружба на пијанистката Елена Сиљаноска.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на „Скопско лето“, напоменува дека во случај на дожд и невреме, концертот ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет. Влезот е слободен.

Со почеток во 20.30 часот во Младинскиот културен центар, пак, во рамки на летниот скопски фестивал, ќе биде отворена фотоизложба на Бобан Китановски насловена „30 моменти македонска убавина“.

Зачлени се на нашиот е-билтен