Портпаролката на американскиот Совет за национална безбедност Адриен Вотсон соопшти дека американскиот претседател Бајден редовно се информира за ситуацијата од неговиот тим за национална безбедност и ќе се сретне со нив попладнево во Белата куќа.
– Овој напад најверојатно ќе се одвива во текот на неколку часа, додаде таа.
– Претседателот Бајден беше јасен: Нашата поддршка за безбедноста на Израел е железна. Соединетите Држави ќе застанат со народот на Израел и ќе ја поддржат неговата одбрана од овие закани од Иран, напиша Вотсон на Х.