Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Убијците на познат холандски новинар осудени на казна затвор до 28 години

Холандскиот суд осуди денеска тројца мажи на казна затвор до 28 години поради убиството на новинарот Петер Р. де Фрис.

Како што објавија холандските медиуми, Де Фрис бил убиен на улица во Амстердам на 6 јули 2021 година, а починал девет дена подоцна.

Обвинителите побараа доживотна казна затвор за Холанѓанецот кој пукаше во Де Фрис и за двајца мажи од Полска кои беа обвинети за планирање на убиството и за соучесништво.

Зачлени се на нашиот е-билтен