Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Газа пристигнале 421 камион со помош од почетокот на војната

Според хуманитарните организации, во четирите недели од почетокот на војната меѓу Израел и Газа, 421 камион пристигнале во изолираното крајбрежно подрачје со итна потребна помош, соопштија хуманитарни организации.

Палестинската Црвена полумесечина утринава соопшти дека еден ден претходно 47 камиони со хуманитарна помош успеале да преминат од Египет на граничниот премин Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

Во камионите имало храна, вода, хуманитарна помош, лекови и медицинска опрема, соопшти Црвената полумесечина.

Гориво сè уште не пристигнало. Според Обединетите нации, најмалку 100 камиони се потребни секој ден за да се обезбедат основните потреби на повеќе од два милиони луѓе во Појасот Газа.

Г. Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново