Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шахот доби двајца светски шампиони

За првпат по повеќе од еден век, Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) прогласи двајца светски шампиони. Титулата ја поделиле Норвежанецот Магнус Карлсен и Русинот Јан Непомњашчи.

Турнирот што се одржа во Њујорк влезе во историјата по невообичаен исход. Финалниот дуел меѓу Карлсен и Непомњашчи траеше седум партии. Двете први партии ги доби Карлсен, следните две му припаднаа на Непомњашчи, додека последните три завршија нерешено. Во отсуство на јасен победник, ФИДЕ реши да ги прогласи двајцата за шампиони.

„Ова беше долга и исцрпувачка борба. Мислам дека одлуката е фер,“ изјави Карлсен по завршувањето на мечот.

Но, не сите ја прифатија оваа одлука позитивно. Американскиот шахист Ханс Ниман изрази незадоволство, нарекувајќи го потегот преседан што не требало да се случи.

„Шахот официјално стана фарса. Никогаш во историјата не сме имале двајца светски шампиони. Не можам да прифатам дека сите важни одлуки се диктирани од истите луѓе. Може да има само еден светски шампион,“ рече Ниман.

Неговите критики очигледно беа насочени кон Карлсен, кој беше во центарот на контроверзии. Претходно, ФИДЕ го дисквалификуваше Норвежанецот од турнирот поради прекршување на дрес-кодот – носење фармерки на официјален состанок. Сепак, таа одлука беше повлечена, што овозможи Карлсен да продолжи со натпреварувањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен