Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк, го објави Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2025 за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Северна Македонија до 35 години.
ДЕНЕС е исклучително важна уметничка награда која овојпат ќе се додели по деветнаесетти пат, покрај двомесечната програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited, вклучува и други новини и резиденции. ДЕНЕС исто така овозможува и уникатно искуство на уметниците да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност насловен „Совршениот уметник“, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да продуцираат ново дело, во рамки на изложба како финалисти на наградата.
Оваа година повикот е отворен од 17 април до 31 мај 2025 година, а тројцата финалисти ќе бидат објавени на 9 јуни 2025 година.
Повеќе детали околу повикот може да најдете на документот подолу, на македонски и на албански јазик. Ќе ни биде драго доколку го споделите повикот.