Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Вака се дивее низ скопските улици, каде е полицијата?

Скопските улици секојдневно сведочат на возење со голема брзина, без почитување на сообраќајните правила, што резултира во зголемен број сообраќајни несреќи.

Се чини дека многумина возачи не ја почитуваат светлосната сигнализација и минуваат на црвено, а полицијата ретко е присутна за да ги санкционира овие прекршоци.



На видеото се забележува возило со вклучени флешери кое поминува на црвено на среде крстосница. Доколку ова возило е од возниот парк на МВР е уште пострашно што службеици дозволуваат да се загрози безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

Можеби се работи и за цивилно возило, бидејќи сè почесто може да се сретнат автомобили со нелегално инсталирани флешери, а ако граѓаните ги забележуваат зошто не реагира полицјата, што создава уште поголема несигурност и ја влошува веќе хаотичната сообраќајна ситуација низ главниот град.

Зачлени се на нашиот е-билтен